Актуелно

Во рамки на акцијата на ВМРО-ДПМНЕ „Пратениците со народот“ остварени посети на десетина населени места низ Македонија

Во рамки на акцијата на ВМРО-ДПМНЕ предвидена за претстојниот период насловена како „Пратениците со народот”, пратеничката Дафина Стојаноска ги посети населените места Тумчевиште и Вруток. Жителите на овие две села велат дека власта ги запоставила во сите сегменти, а за тоа сведочат нивните секојдневни проблеми во однос на инфраструктурата, земјоделието, водоводот и уште низа нерешени проблеми.

– Овие луѓе ја живеат тажната реалност во државата, а тоа е дека во секое село и во секој град останаа нерешени горливите проблеми и прашања, кои директно влијаат врз секојдневното живеење на луѓето. Жителите на Тумчевиште велат дека ниту еден функционер од власта не ги посетил откако поминале последните избори, кога биле кај нив и ветувале брда и планини, а реалноста е дека ги оставиле самите да си го решаваат проблемот со водоводот. Луѓето се жалат дека во време на светска пандемија, кога хигиената мора да биде на врвно ниво, селото се случува да остане без вода и со денови, но за тоа власта нема слух. Жителите на Вруток велат дека покрај сите проблеми со кои се соочуваат, еден од најважните е канализационата мрежа, која што им била ветена од страна на централната власт, но досега од сето тоа има само ветер и магла. Тие велат дека очекувале барем малку централната власт да се заангажира во овој дел од државата, бидејќи Вруток сам по себе е атрактивен поради изворот, но за жал власта ги запоставила и жителите од ова населено место, па така тие секојдневно мака мачат поради нерешениот проблем со канализацијата, вели Стојаноска

Пратеничката Ели Панова го посети населеното место Банско во струмичкиот регион. Панова поразговара со жителите од ова населено место, кои ја известија за лошата состојба во однос на откупот и цената на раноградинарските производи, кои како што велат се плод на нивната макотрпна работа и труд.

– Во населеното место Банско е и познатиот центар за рехабилитација Бања Банско. Штитениците од оваа институциуја велат дека демократијата е нарушена и немаат право на избор, слобода и говор. Покрај овие проблеми, велат дека дополнително на тоа имаат голем проблем во однос на неконтролираниот сообраќај околу рехабилитациониот центар, кој придонесува за нарушување на безбедноста. Жителите на Банско се апсолутно незадоволни од оваа власт, бидејќи велат дека покрај сите проблеми, најмногу ги погодува проблемот што нивните деца мора да одат да учат во соседното село Муртино, а бројката на деца кои што секојдневно циркулираат на тој потег е над 600, што значи дека се исполнува условот за деветтолетка. Жителите на Банско велат дека оваа е власт најлошото нешто што и се случило на Република Македонија и посакуваат таа слика да се промени, а земјата да ја водат политичари со чесна намера кои секојдневно ќе се интересираат за проблемите на граѓаните, посочи Панова

Пратеникот од Куманово, Бране Петрушевски денес ги посети населените места Стрезовце и Облавце во општина Старо Нагоричане. Поразговара со жителите кои велат дека оваа власт апсолутно ги заборавила, а за тоа говорат нереализираните ветувања и проекти, кои додека траела изборната кампања им биле ветувани.

– Тие велат дека не бараат многу од власта, туку само да им се вреднува трудот кој секојдневно го даваат за да заработат за скромен живот. Луѓето се соочуваат со земјоделски проблеми, немање субвенции за нова механизација, како и со откупот кој од година во година претставува се поголем проблем. Посакуваат што поскоро оваа гарнитура да си замине од власт и на нивно место да дојдат нови и чесни политичари, кои ќе им помогнат во секојдневното живеење и ќе се држат до зборот кој го даваат кога ја бараат нивната поддршка, истакна Петрушевски

Пратеникот од Охрид, Кирил Пецаков беше во посета на населените места Трпејца и Љубаништа, каде што како што вели жителите со крајни напори врзуваат крај со крај затоа што предолго време се заборавени од страна на Власта.

– Разговаравме за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат, за туристичката сезона и угостителството, за ветените нерализирани ветувања на СДСМ, како и за предлози кои ќе бидат дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори. Јасна е поддршката што ни ја даваат со цел заедно да ги промениме овие црнила. Заедно со македонската пролет доаѓа нова надеж, нагласи Пецаков.

фото: Архива

На почеток