Македонија

Загадениот воздух ќе се исчисти за две години, оти таков е планот на Макрадули

Планот кој го донесе Владата за чист воздух е програма со дефинирани конкретни мерки и активности кој ќе се справи со аерозагадувањето, изјави Јани Макрадули на денешната прес-конференција.

„Планот е кредибилен и истиот е направен врз база на искуства, со помош на експерти. Од Шведска имаат предложено буџет од 2,5 милиони евра кои ќе ги покрие сите оние мерни инструменти кои во моментов не работат, ќе ги аппдејтираат и ќе ги надградат застарените“, изјави Макрадули.

Тој додаде и дека во наредните две години се очекува загадениот воздух да се намали за 50% доколку се исполнат мерките.

„Замената на нееколошките средства за затоплување најбрзо можат да донесат резултат намалување на загадениот воздух. имаме неколку решенија каде што се заменуваат старите печки на нафта и мазут. Ова не е само еколошко, туку и економско прашање“, додаде Макрадули.

Според Макрадули четири различни анализи од различни држави и експерти покажале дека загревањето на домаќинствата учествува со над 40 отсто во загадувањето.

Владината програма инаку предвидува со закон да се забрани јагленот како извор на затоплување. Макрадули ги повика невладините еколошки организации да се вклучат во реализирање на владината програма како би се убедиле граѓаните да користат еколошки извори на загревање.

„Има примери во Европа каде невладините организации тропале од врата на врата и им укажувале на граѓаните дека јагленот е штетен за нивините деца. Забраната на јаглен е драстична, но корисна мерка, која треба да се искористи за заштита на животната средина“, рече заменик министерот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток