Македонија

Од Софија најави за деблокирање на европскиот пат на Македонија

Бугарскиот претседателот Румен Радев вчера во Брисел изјави дека се очекува во втората половина на јуни да има напредок по прашањето за страт на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, додека во исто време од Варшава полскиот министер за надворешни работи Збигњев Рау порача дека за Полска нема дилема оти земјава заслужува да почне преговори со ЕУ, објави ТВ 24.мк.

Радев во Брисел, каде учествуваше на Самитот на Унијата, истакна дека се очекува во втората половина на јуни да има напредок по прашањето за европскиот пат и почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ, но дијалогот на највисоко работно ниво меѓу Софија и Скопје треба да продолжи што е можно поскоро.

– Јас многу јасно ја искажав бугарската позиција. Бугарија е најсилниот поддржувач на европската перспектива на Република Северна Македонија и Албанија. Бугарија е најголемиот пријател на Република Северна Македонија, но патот до нивната европска перспектива поминува претежно низ Софија и ова треба да биде јасно, изјави Радев во Брисел, каде учествуваше на Самитот на Унијата.

Според бугарскиот претседател, политичкото раководство на земјава „треба да се стимулира да бара дијалог“ со Бугарија.

Текстот во целост на: ТВ 24.мк.

На почеток