Средба на првите луѓе на Цринската управа и народната банка на Р Македонија, Ѓоко Танасоски и д-р Анита Ангеловска-Бежоска.
Директорот на царинската упрва Танасоски и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска разговарале за тековната соработка меѓу двете институции, со акцент на новините што ги воведува Царинската управа со воведувањето на новиот систем за обработка на царинските декларации, во контекст на нивното користење како извор за изготвување на надворешните статистики.
Поради воведените новини во работењето на двете институции, оценето е дека постои потреба од изготвување нов меморандум за соработка и нов протокол за размена на податоци.
„На средбата беше изразено задоволство од придобивките од досегашната успешна соработка помеѓу двете институции“, вели Танасоски.