Министерството за надворешни работи смета дека протерувањето на македонски дипломат од Москва е неоснован потег и дека станува збор за политичка одмазда која негативно ќе влијае на односите меѓу двете земји.
„Министерството за надворешни работи искажува жалење за овој неоснован потег на руската страна, кој претставува политичка одлука базирана единствено на начелото на политичка освета, и која со тоа негативно ќе влијае на интензитетот на билатералните односи меѓу двете земји“, велат од МНР.
Оливера Чаушевска- Димовска, вработена во македонската амбасада, денеска била повикана во Министерството за надворешни работи на Русија каде што ѝ била врачена Нота со која вработен во Амбасадата на Северна Македонија во Москва се прогласува за персона нон грата.