Македонија

Во недостиг на природен, ќе се користи вештачки снег

Од денеска на патеките во Маврово – вештачкиот снег. Опрема за производство на технички, еколошки снег веќе е поставена на патеката „Едносед”.  Опремата во вредност од околу 700 илјади евра e самостојна нвестиција на ски-центарот. На патеката во должина од речиси 2 километри се поставени 19 шахти, 7 снежни топа и 4 снежни стикови („жирафи“). Целиот систем за правење снег се раководи од компјутерски центар и има 24-часовен надзор на патеката, на количеството снег и на метеоролошката состојба на самата патека.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток