Македонија

Се исчисти ли Кавадарци од аерозагадувањето?

По бомбастичните вести од Кавадарци дека градот е е исчистен од загадувањето, со новата метода Аеросолизација, се огласи здружението Еко Аларм Кавадарци. Тие тврдат дека за да се покаже помала загаденост во градот се прска исклучиво олоку мерната станица .

„Ви презентираме видео материјал кој е снимен околу 20:30 часот, во текот на синоќешната вечер (09.12.2018). Во периодот од 20:30 до 20:55, се вршеше агресивно прскање со вода околу мерната станица“, велат од Еко Аларм Кавадарци, по што објавија и видео.

Стоп За Аеросолизацијата

Ви презентираме видео материјал кој е снимен околу 20:30 часот, во текот на синоќешната вечер (09.12.2018).Во периодот од 20:30 до 20:55, се вршеше агресивно прскање со вода околу мерната станица која се наоѓа кај новиот кружен тек, од страна на градинката. Само во овој период од 25 минути, противпожарното возило го сврте кружниот тек 4 пати, додека тракторот 3 пати.На видеото јасно се гледаат две паркирани коли со вклучени светла за сигнализација, тоа се луѓето кои го водат градот и го следат процесот на прскање на оваа ЗА НИВ КРИТИЧНА И ВАЖНА ЛОКАЦИЈА, притоа давајќи инструкции за тоа како да се врши аеросолизација.Со ова, вештачки се предизвика мерната станица да покаже дека загадувањето со ПМ честички од 297, според мерењето во 18 часот, паднало под 50 микрограми на метар кубен според мерењето во 21:00. МОЖЕБИ ПОДОБРО Е ВООПШТО ДА ЈА НЕМА МЕРНАТА СТАНИЦА ЗА КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ? Овака не се лаже и манипулира народот ни во СЕВЕРНА КОРЕЈА! ОД СТРАНА НА ОПШТИНАТА БАРАМЕ ВЕДНАШ ДА СЕ ПРЕКИНЕ ОВАА ГЛУПОСТ НАРЕЧЕНА АЕРОСОЛИЗАЦИЈА!До кога ќе не лажете? МојВоздух – MojVozduh #ЛудоОпштество #СтопЗаПопулизмот

Posted by Еко Аларм Кавадарци on Monday, December 10, 2018

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток