Актуелниот министер за локална самоуправа Сухејл Фазлиу преку соопштение реагира дека се невистините обвинувањата од дел медиуми дека има кривична пријава против него од финансиската полиција. Министерот наведува дека злоупотребите се случиле кога со Министерството управувал некој друг, а, како што пишува, случајот бил затворен пред една година. Тој наведува дека им наложил на споменатите соработници во обвинувањата да ги вратат средствата – и парите биле вратени.
Во соопштението министерот апелира до сите релевантни институции во државата, а исто и до финансиската полиција сериозно да се зафатат со истражување, откривање и документирање на злоупотребите, корупцијата во сите сегменти на државата, без да поштеди ниту поединец, ниту група на организиран криминал.
Финансиската полиција вчера поднесе кривични пријави за незаконско исплаќање пари во Министерството за локална сампоуправа.