Скопје

ВМРО-ДПМНЕ во игра има кандидатка која ќе му се спротистави на Шилегов на изборите

Се поизвесно е дека Даниела Арсовска, актуелната претседателка на Сојузот на стопански комори на Македонија, ќе биде кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ во трката за градоначалник на Град Скопје. Нејзиното име добило и најголема поддршка на анкетите кои ги спроведувала партијата, а ќе биде натпартиски кандидат, дознава „Скопје1.мк“.

Арсовска е на чело на Сојузот од 2014 година. Претходно беше член на Управниот одбор и претседател на Услужна комора. Таа е член и на Советот за јавно приватно партнерство во Владата на Република Северна Македонија.

Арсовска има магистратура по економија од Универзитетот во Оксфорд и Универзитетот во Шефилд.

СДСМ и официјално го промовираше актуелниот градоначалник Петре Шилегов како кандидат за градоначалник на Град Скопје.

На почеток