Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бара оставка од министерот Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани, поради изгорената ковид болница во Тетово, каде загинаа 14 лица. Побара од двајцата министри да достават оставки до Собранието каде би биле констатирани, а доколку не ги достават, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе достават предлог за разрешување.
„Оставив три дена бидејќи мислев дека ако се неспособни по работа, нема да бидат толку неморални. Но тие можеле да бидат двете работи заедно. Даваме рок до вторник, рано пред пладне, министерот за здравство и неговиот заменик да ги достават своите оставки до Собранието, како би можело тие да бидат констатирани на почетокот на веќе закажаната нова седница истиот ден“, рече Мицкоски
„Доблесно би било пред седницата да ги достават оставките. Доклку не ги достават, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог за разрешување на министерот и заменик министерот, со поддршка од другите пратенички групи во Собранието. За два дена од денеска јавноста ќе дознае дали ја имаме поддршката“, додаде Мицкоски.