Коментари

Крмов контра Завод за статистика: Народот не отвора врата, апликацијата покажува погрешни податоци и постојано „паѓа“

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов смета дека информациите на Државниот завод за статистика кои кажаа дека се попишани над 400 илјади граѓани се лажни.

„Нека не ве лаже овој Апостол, ткн. попис оди тешко, народот дава силен отпор и не отвора врата! Народот не само што не отвора врата туку и на клоци ги бркаат попишувачите. Посебно во руралните средини отпорот е многу силен. 4 дена апликацијата не им работеше воопшто, а моментално ја буткаат со огромни проблеми. Покажува погрешни податоци, паѓа цело време и дури и дневни извештаи не добиваат како што треба. По наши информации нешто блиску двесте илјади имаат попишано за 8 дена и тоа со големи грешки, а тоа е премалку!“, напиша Крмов.

На почеток