Министерката за образование, Мила Царовска е задоволна од тоа како се спроведува дигитализацијата на наставата. Ова го соопшти од општината Ѓорче Петров, каде беше во посета на дел од училиштата. Таа кажа дека ќе им се помага на наставниците за справување со нејаснотиите, а учениците веќе напредувале и ги совладале истите.
„Дигитализацијата во наставата се спроведува соодветно,учениците се справуваат со непознатите работи во однос на користењето на опремата, среќни се на часот и имаат постојана интеракција. Значајно е дека во континуитет продолжуваме да даваме поддршка на наставниците. Инфраструктурата е многу значајна и затоа се трудиме да направиме инвестиција. Короната навистина стави акцент на образовниот систем, ќе продолжиме да инвестираме. Продолжуваме да работиме посветено за обраазованието“, рече Царовска.