Ги имаат сите потребни услови, вака министерот за правда Бојан Маричиќ го оцени залагањето на Владата за брза и ефикасна истрага за тоа како изгоре модуларната болница во Тетово која однесе 14 животи и која е причината. Тој кажа дека сите документи се предадени, а сега, ред е на институциите да истражат до крај.
„Вчера пристигнаа истражителите. Сите институции на власта се ставија на располагање да помогнат на истрагата. Сите документи се предадени на институциите. Предадени се документите, сите услови ги имаат институциите. Ние сме заинтересирани институциите да излезат со информации“, рече Маричиќ.