Блерим Ахмеди, организатор на вчерашниот протест во Тетово, кој на моменти ексалираше, синоќа бил приведен, јави ТВ 21 која објави и видео од приведувањето.
За ТВ21 зборува и адвокатот, кој вели дека неговиот клиент се сомничи за кривично дело за кое е придвидена казна затвор од една до три години.
Вчера во Тетово имаше протест поврзан со трагичниот пожар во тетовската болница. Демонстрантите најпрво мирно протестираа, а потоа со јајца и предмети фрлаа кон општинската зграда, за да на крајот се упатат кон седиштето на ДУИ во Мала Речица.
Таму дојде до судир на дел од демонстрантите со полицијата, при што 4 полицајци беа повредени.
Приведени биле две лица.
ДУИ преку соопштение ја обвини „албанската опозиција“ за протестот.