Македонија

Традиција и обичаи кои не сплотуваат – како правилно се слави Свети Никола

На 19 декември се празнува св. Никола, именден празнуваат: Никола, Нино, Николина, Коле…

На овој ден сите бродови каде и да се наоѓале ги спуштале сидрата и до следниот ден одморале, оддавајќи му почит на тој начин на овој светител. Во очи на празникот често бродовите застанувале додека морнарите да му се помолат на светителот и потоа продолжувале. Затоа што се верува дека Св. Никола е заштитник на патниците, посебно на оние што патуваат по вода, но и по тоа што како за време на животот така и по смртта ги помагал сиромасите, ги заштитувал затворениците и неправедно осудените, ги откупувал робовите и ги пуштал на слобода. На овој ден според традицијата никако не треба да перете алишта, да се чисти куќата и да се прават било какви домашни работи.

Бидејќи во тек е божикниот пост, на овој ден не се јаде мрсна храна. Старите верувале дека доколку славата не се прослави правилно, според традицијата и обичаите, ќе навлечете грев на куќата и на домашните.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток