Шпанската полиција објави дека уапсила Хрват, член на бандата „Пинк Пантер“, меѓународна мрежа специјализирана за кражба на накит, која Германија ја бара за кражби вредни повеќе од 700.000 евра.
Предмет на кривично гонење во Германија за насилни кражби во 2015 и 2016 година, Хрват беше уапсен минатиот месец во Барселона, објави полицијата, објави Index.hr.
– Во овие кражби украден е накит во вкупна вредност од 715.000 илјади евра и 1.400 евра во готово – наведува полицијата.
Бандата, составена од членови од поранешна Југославија, е наречена „Пинк Пантери“ од истражителите на Скотланд Јард по кражба на дијаманти во Лондон во 2003 година.