Македонија

Информации за превртениот македонски автобус, се стравува од повеќе загинати

Автобусот со македонски регистерски таблички кој рано утрово излета од автопатот во близина на Лесковац при што загинаа три лица неофицијално влегол во снежна бура по што излизгал и се превртел.

Четири лица се тешко повредени, а уште најмалку триесетина се во болниците во Лесковац и Ниш, од кои 24 се во ургентен центар. Пожарникарите и механизирани екипи се обидуваат да го кренат превртениот автобус за да водат дали под него има повредени или загинати лица.

Во Ургентниот центар во Ниш околу 03:30 пристигнале четворица македонски државјани кои имале повреди и знаци на изразита хипотермија.Медицинските лица велат дека има патници и со сериозни скршеници на черепот и дека едвај биле извлечени со помош на пожарникари.

14 лица биле пуштени со лесни повреди, јави РТС.

Автобусот патувал за Виена.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток