Македонија

Дел од државниот врв потврди присуство на комеморацијата и погребот на градоначалникот

Општинскиот протокол на Охрид, го организира последното испраќање на градоначалникот. Премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора Едмонд Адеми веќе го потврдија присуството на комеморативната седница која ќе се одржи утре во Општина Охрид, но и на погребот на градоначалникот Јован Стојановски.

Комеморативни седници ќе се одржат во 09:00 чсот на Факултетот за туризам и угостителство, матичната куќа каде Стојаноски беше професор, а потоа во Големата сала на Општина Охрид во 10 часот.
Погребот на Стојановски ќе се одржи во понеделник во 14 часот на Градските гробишта во Охрид, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот.

Јован Стојановски за градоначалник беше избран во октомври минатата година. Тој беше и еден од најзначајните кадри од раководителите во локалната организација на СДСМ во Охрид.

Пред да стане градоначалник, Стојановски беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток