Маршот на црвениот чадор во Скопје. Сексуални работници по 11-ти пат денес го организираше Маршот на црвениот чадор, приклучувајќи се кон глобалното одбележување на Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници. Сексуалните работници бараат отворање на прашањето за регулација на сексуалната работа.
СТАР првиот колектив за Сексуални работници испрати пораката : декриминализација сега!’ ги охрабруваме институциите и стручната јавност да го отворат прашањето за регулација на сексуалната работа. Ние и сексуалните работници сметаме дека декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра политика за унапредување на здравјето, благосостојбата и човековите права на сексуалните работници. Овие заложби се засноваат врз потребите на сексуалните работници за заштита на нивните права, за создавање на безбедните услови за живот и работа, како и превенција од насилство и експлоатација“, велат организаторите.
Иницијативата за одбележување на овој ден доаѓа од д-р Ени Спринкл со една единствена цел – поддршка на сексуалните работници од САД, како ден на кој се оддава почит на жртвите на убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон. Убиецот изјави: „Сакав да убијам колку што можев повеќе. Гери Лајон Ридвеј беше осуден на доживотна казна затвор и му беше изречена парична казна во висина од 10000 долари за секоја убиена жртва на 18-ти декември 2003 година.