Скопје

Панел дискусија во пресрет на периодот на изготвување на годишните извештаи на деловните субјекти

Експерти, професори, сметководители, претставници на релевантни владини и меѓународни институции и организации, како и релевантни чинители во сметководствената дејност, дискутираа на конференцијата на тема: „Функција и примена на Законот за вршење на сметководствени работи“ во организација на Комора на Сметководители на Македонија.
Конференцијата со поздравно обраќање ја отвори претседателот на Комора на сметководители на Македонија, г-дин Драган Митковски кој го истакна значењето на сметководствената професија и нејзиниот развој.

Г-дин Димитар Илчов, Претседател на Асоцијација Мисла, се осврна на значењето на независноста на невладиниот сектор од институциите на власта и владините тела, како и на обврската за примена на европските директиви и препораки за овозможување на независност во нивното делување и работа.

Панел дискусијата се одржа со цел што поскоро деблокирање на работата на Институтот на Сметководители и Овластени Сметководители на РМ во пресрет на периодот на изготвување на годишните извештаи на деловните субјекти, како и активно учество во востановување на текстот и содржината на новиот Нацрт предлог-закон за вршење сметководствени работи, изготвен и предложен од страна на Министерството за финансии.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток