Македонија

Излезноста до 11 часот е зголемена споредено со првиот круг

До 11 часот, според пристигнатите податоци во Државната изборна комисија на гласање излегле 160.035 гласачи, односно одѕивот е 14.11 отсто. Највисок одѕив има во Ранковце, Вевчани.. Најмала излезност има во Сарај со пет осто и Боговиње. Во првиот изборен круг, излезноста до 11 часот беше 10,22%, односно тогаш излегоа 135.906 гласачи да го остварат своето право.

Излезноста до 9 часот според Државната изборна комисија беше 5,25 отсто, односно на гласање излегле 63.006 гласачи.

Сите избирачки места се отворени од избирачките одбори и процесот на гласање е во тек и во најголем дел се одвива непречено. Рано утринава во 7 часот беа отворени гласачките места во 44 општини од вториот круг на локалните избори. Се бираат градоначалници, а право на глас имаат 1.353.990 избирачи.

Членовите на избирачките одбори добија инструкции читањето на прстите да се одвива според следниот редослед: Прво се чита показалецот од едната рака, доколку уредот не го препознава, тогаш следи обид со показалецот од другата рака. Доколку и во тој случај уредот не може да го исчита гласачот, се вметнува личната карта. Како последен обид, се оди со рачно вметнување на единствениот матичен број на граѓанинот.

На почеток