Два инциденти се регистрирани од полицијата, по отворањето на гласачките места. И двата се во Кичево. Како што информира МВР, првата нерегуларност е фотографирање на гласачко ливче, а вториот е уништување на гласачки материјал.
Според првичните информации, гласач го искинал гласачкото ливче бидејќи како што кажал, заокружил погрешен број.
За двата настани се постапува и се преземаат мерки.