Коментари

Четири можни сценарија по оставката на Заев, а со тоа и на целата Влада

Со оставката на Премиерот, според нашиот Устав во оставка е целата Влада, пишува професорката Мирјана Најчевска. Таа предвидува четири можни сценарија, откако премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја депонира оставката.

„Оставката се поднесува до Собранието кое ја усвојува.
И тука се можни повеќе излезни решенија.
1. Досегашната владејачка коалиција има мнозинство во Собранието и Претседателот на државата и доделува нов мандат за формирање Влада.
Во овој случај СДСМ како најголема партија во коалицијата може да понуди свој кандидат или да се договори со коалиционите партнери за кандидат од нивните редови или независен експерт како кандидат.
2. Се формира нова мнозинска коалиција на која Претседателот и доделува мандат за формирање Влада.
3. Било која од мнозинските коалиции во Собранието поведува постапка за распуштање на Собранието и распишување предвремени избори.
4. Сите партии во Собранието се договараат за формирање на експертска Влада која ќе го доврши мандатот на претходната до наредните редовни избори“, напиша професорката.

Оставката на Заев е оставка и за целата Влада, која е процедурата

На почеток