Македонија

Села е загиржен за пратеникот кој не дојде во Собрание, а се надева и на мнозинство

Лидерот Зијадин Села е загиржен за тоа каде се наоѓа Кастриот Реџепи, пратеник од БЕСА кој не дојде да гласа за недоверба на Владата. Тој смета дека се друго е споредно, иако тврди дека има надеж за мнозинство за недоверба на Владата.

„Во моментов немаме негово физичко присуство во Собрание или некаде, да дава изјава. Тоа го кажувам од човечки апсект. Сите пратеници навистина треба да бидат загрижени што имаме само статус на Фејсбук, а не глас и физичко присуство на Кастриот Реџепи. За ова треба да дадат одговор институциите на државата. Не знам дали е безбеден или не пратеникот. Сите кои се сметаат за хумани, треба да речат, чекајте пред да зборуваме за нова власт да видиме дали тој е безбеден. Сите кои аплаудираат на ваков развој на настаните, мислам дека ништо хумано нема кај нив. Се надевам дека ќе се створат услови. Ова е доказ на тоа што го реков, денеска паѓа Владата и најпосле ќе се ослободат институциите. И во моментот кога зборуваме не знаеме каде се наоѓа еден пратеник. “

На почеток