САД силно го поддржува Преспанскиот Договор и очекува имплементација на истиот, порача заменик државниот секретар на САД, Џон Саливан.
„Република Македонија е лидер во регионот поради нејзините заложби за мир, стабилност и соработка. Изразувам пофалби за премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров како и за храброто лидерство на оние пратеници во Собранието кои со своите гласови го презедоа потребниот чекор за обезбедување посветла иднина за Македонија и ја ставија вашата земја на патот кон побезбедна иднина. Поттикнуваме повеќе пратеници да ги остават настрана партиските интереси. Нема друга алатернатива“, рече Саливен.
Тој ги пофали храбрите пратеници кои во октомври кренале рака за промена на Уставот на Македонија и ги поттикна и останатите пратеници да ги оставеле партиските цели и да се заложеле за просперитет и иднина на земјата во НАТО и ЕУ.
За премиерот Заев ризиците за завршување на процесот на уставните измени се сведувале на минимум . Тој додаде дека ова бил единствениот начин за земјава д влезе во ЕУ и НАТО.