Македонија

Патник успеал да се спаси качувајќи се во погрешен автобус

Патник од Македонија со голема среќа успеал да се спаси од изгорениот автобус, откако се качил во погрешен автобус.

Ова го информираше неговиот татко, за ТВ Сител, како што вели, во целата несреќна трагедија, неговиот син го следела среќа.

-Во целата несреќа за мене излезе голема среќа. Дали така судбината сакала не знам. Во кобниот автобус требаше да биде и мојот син, кој беше дел од групата. Дошло до грешка со багажите, па наместо во тој автобус, багажот бил префрлен од хотелските служби во друг автобус. Кога се качил син ми, се пожалил дека му се префрлени работите во погрешен автобус. Му рекле дека има место во првиот и да се качи во тој каде што му е багажот. Така се качил и за мене е тоа голема среќа, ако може да се каже така, изјави таткото на Џафер Долек за ТВ Сител.

На почеток