Скопје

„Лајка“ доби нов директор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го постави Воислав Димитровски за ВД директор на јавното претпријатие „Лајка“. Димитровски е предлог на здруженијата за заштита на животните, како најдобро решение за претпријатието што извршува дејност од посебен јавен интерес за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на популацијата на кучиња.

Димитровски по професија е ветеринар, магистер во областа на ветеринарното јавно здравство, национален консултант на ФАО за благосостојба на животните, проект лидер на УНДП за решавање на проблемот со бездомните кучиња на територијата на Југозападниот реон на Македонија. Од Ветеринарната комора на Македонија е назначен како координатор за решавање на проблемот со бездомни кучиња на територијата на Македонија.

Досегашната ВД директорка Тина Петрушевска е разрешена од функцијата.

Разрешувањето на Петрушевска од „Лајка“ за Велковска е победа на активистите

На почеток