Разрешувањето на Петрушевска од „Лајка“ за Велковска е победа на активистите
Драгана Велковска, советничка од „Зелен хуман град“ во Град Скопје смета дека е издвојувана победа со промената на Тина Петрушевска од в.д. позицијата во јавното претпријатие „Лајка“. Таа смета дека ова е победа на активистите за заштита на животните. Велковска додава дека новиот в.д. директор е назначен со поддршка од сите скопски здруженија за заштита на животните.
„Од денес нов в.д. директор на ЈП Лајка е Војислав Димитровски кој на функцијата е назначен со поддршка од скопските здруженија за заштита на животните. Низ годините и покрај промените на многу различни партии ние сме покажале дека кога станува збор за нашата кауза – заштита на животните – застануваме обединети и остануваме принципиелни без оглед на сѐ. Војче поддршката ја доби поради својата коректна долгогодишна соработка со активистите и затоа што има темелни познавања од хумана контрола на бездомните животни. Но таа поддршка не е безусловна! Јасно кажавме дека очекуваме работење во согласност со законите и искрена отворена соработка со здруженијата бидејќи само на тој начин вистински и трајно ќе го затвориме прашањето со бездомните животни – и во корист на животните и во корист на луѓето. Искрени честитки за изборот од мене, очекувам во многу скоро време видливи резултати на улиците на Скопје“, напиша Велковска.