Актуелно

(ВИДЕО) Загинатите во осуманесет погребални возила пренесени кај семејствата, тага и болка на скопскиот аеродром

Тага и неверување кај сите, солзи во очите, ваква беше атмосферата на аеродромот каде два часа траеше церемонијата за преземање на телата на загинатите во автобуската несреќа, Осуманесет погребални возила, тргнаа да ги однесат посмртните останки кај семејствата. На аеродромот во Скопје, освен политичарите, роднините и пријатели ги пречекаа телата на загинатите. Сите беа неутешни од загубата на македонските државјани.

Премиерот Зоран Заев, собранискиот спикер Талат Џафери, претседателот на државата Стево Пендаровски, делегации од Албанија и Косово, заедно со семејствата, оддадоа последна почит положувајќи венци за жртвите.

На почеток