Скопје

Единствениот детски ургентен центар затворен поради недостатокот на кадар

Недостаток на педијатри и медицински сестри причина да се затвори единствениот детски ургентен центар во државата. Само последнава година од овој центар си заминале тројца специјалисти.

Поради недостакот на лекари, болните деца со леукемија и дијабет ќе се мешаат со заболени од грип. Амбуланата каде се ретираат ургентни пациенти е во ист ходник со специјалистичките ординации.

Одговор за тоа кога ќе проработи детскиот ургентен центар нема ни министерот за здравство. Според Венко Филипче овој проблем е последица од политиките што ги наследиле од минатото.

-Нема компромитирање на тријажата за пациентите. Но знаете, овој недостиг на кадар е заради политиките кои биле спроведувани сите години резултира со тоа сега да имаме сериозен дефицит. Веќе почнавме да го надополнуваме бројот на вработени. Имаме проблем со бројот на специјализации заради недостиг на ментори, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Ургентниот Центар на Клиниката за детски болести беше отворен во 2013 година со подршка на турската организација ТИКА.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток