Македонија

Малолетник фотографирал во избирачка просторија

Во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место во селото Визбегово, семејство дошло на гласање со малолетниот син кој фотографирал во просторијата.

Жител од селото Брвеница пријавил дека кога одел на гласање со неговата сопруга, од страна на В.С. му биле упатувани навредливи зборови. Во кординација со јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Тетово пријавено е дека во близина на училиштето “Гоце Делчев” во Тетово повеќе лица вршеле снимање и фотографирање на гласачи. Во ОУ „Братство” во Скопје Б.С. заменик член на избирачкиот одбор, омаловажувал полициски службеник.

Во СВР Струмица било пријавено дека во близина на училиштето „Кирил и Методиј” во радовишко село Ораовица, пронајдени се летоци со содржина поврзана со референдумот.

Во дворот на основното училиште „Живко Брајковски“ во Скопје, З.Ј.(42), кој имал беџ на наблудувач и Г.Ж.(38), го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебно карање, викање и непристојно однесување. По преземени мерки, двајцата биле приведени во ПС Чаир и се работи на расчистување на случајот.

На почеток