Скопје

Свиркачите Лазаревски и Костовски вратени на своите работни места во МВР

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, објави на фејсбук дека свиркачите Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР.

И двајцата имаа клучна улога во промената на власта во Македонија. Преку нив беше обелодената аферата за масовното прислушување што незаконски го правела Управата за безбедност и контраразузнавање, на чело со Сашо Мијалков, каде беа вработени пред да бидат обвинети во предметот „Пуч“.

„За професионалците секогаш ќе има место во МВР“, напиша Спасовски.

Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР.За професионалците секогаш ќе има место во МВР.

Posted by Oliver Spasovski on Thursday, December 20, 2018

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток