Скопје

Одгледувачите на овци го кренаа својот глас – се жалат дека се дојдени на работ од егзистенција

Одгледувачите на овци одржаа мирен протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поради, како што велат, алармантната состојба во овчарството.

Се жалат дека се дојдени на работ од егзистенција зашто секоја година се соочуваат со 2.000 – 5.000 евра загуба поради ниската цена на јагнето.
-Одлучивме да реагираме со протест за да видат дека постоиме. И претходната и оваа власт нема слух за овчарите. Сакаме уште еднаш да укажеме дека откупната цена на јагнето е пониска од производната, а минимални се и субвенциите за плодна овца и оставено женско јагне.
Одгледувачите на овци изјавија дека не бараат профит, туку егзистенција. Доколку државата не им помогне проценуваат дека за три години земјава ќе остане без овци. Тие бараат 1.500 денари субвенции за грло овца и 1.000 за оставено женско јагне, како и поддршка од државата ако откупната цена на јагнето е пониска од производната. Ресорниот министер ги прими на средба и им вети дека ќе ги разгледа нивните барања, а одговор ќе добијат на крајот на идниот месец.

„Јагнето сега за нова година се откупи за 140 денари, а наша производна цена е 170 денари. Таа производствена цена стои во министерството, а јагнето ни го откупуваат по цена од 120 до 140 денари, па дури и 110 денари“, рече Митко Јанков – одгледувач на овци.

Овчарите досега имале неколку состаноци со Николовски на кои присуствувале и директорот на Платежната агенција Николче Бабовски, како и директорот на Јавното претпријатие за пасишта Љуљзим Фејзулаи. Ги искажале проблемите со кои се соочуваат, но од надлежните, кои ги ислушале, не добиле конкретен одговор.
Додаваат и дека се многу револтирани од начинот на работење на Министерството, и од ова на сегашната, но и од тоа на претходната власт.
Според нив, смешно е зголемувањето на субвенциите за оставено женско јагне, од 1.000 на 1.100 денари. Цената, пак, на јагнето е многу ниска, под производната, и овој проблем се провлекува со години.

Денеѓниот протест е поддржан од Националното здружение на овчари, Регионалното здружение на западна Македонија, Земјоделското здружение „Агро центар“ – Велес, „Орлови бари“ – Битола и „Рудо јагне“ – Прилеп.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток