Која ќе е последицата од ковидот кај децата
Германските офталмолози очекуваат дека поради пандемијата ќе се зголеми бројот на кратковидните деца, бидејќи наместо да бидат на отворено, тие поминуваат повеќе време дома пред екраните на мобилните и таблетите.
„Може да се очекува пандемијата да ја зголеми миопијата кај децата бидејќи тие премногу гледаат на екраните на мобилните телефони и таблетите на премногу блиска далечина“, изјави за ДПА портпаролот на Здружението на професионални офталмолози, Луџер Волринг.
„Сè уште немаме податоци за тоа, но претходните истражувања сугерираат дека бројот на деца со миопија ќе се зголеми“, рече тој.
За да се спречи миопија кај децата, дневната светлина е важен фактор, рече тој.
Дури и слабата дневна светлина е подобра од вештачката, истакна Волринг.