Денска ги славиме светите Јоаким и Ана, родителите на Марија, која се удостои, како избрана од целиот човечки род, да го роди самиот Бог.
Jоаким и Ана немале деца цели 50 години. На старост им се јавил архангелот Гаврил, на двајцата поединечно, и им рекол дека нивните молитви се услишани од Бога и дека ќе им се роди ќерка Марија.
Тогаш Ана зачнала и по девет месеци навистина родила ќерка благословена од Бога, пресветата Марија Богородица.
Во текот на овој ден жените не работат, а некаде бдејат цела ноќ во пресрет на празникот додека не ги слушнат првите петли. Кога ќе ги слушнат, велат: „Слушам слушам, петли, своето го чувам, селското го собирам“.
Денешниот ден е празник на чуда за сите жени, особено за оние кои имаат мали деца или сакаат да добијат. Денес, според обичаите, жените не треба да работат ништо, а пак жените кои имаат проблем со зачнување треба да одат во манастир да се молат. Некои таму остануваат и по три дена.
Постои обичај, мајките со женските деца да одат околу куќата и да фрлаат пепел и просо за да ја зачуваат куќата од зли духови.
