Вечерва во амфитеатарот на ЈНУ Институт за филм – Филмска академија Охрид во Охрид, се одржа годишната манифестација на МАФ, на која се презентираа презентации за дел од активностите реализирани од членови на федерацијата во текот на годинава.
Дел од презентациите беа за меѓународните акции реализирани во Алпите (Словенија, Франција и Италија), Пакленица (Хрватска) и Враца (Бугарија), активностите на локалниот Алпинистички клуб “Патагонија” – Охрид (реновирање на планинската куќа Галичица и проектот за развој на Планинска Спасителна Служба во Охридскот регион)..
На презентацијата беа доделени признанијата „Јован Ангелов – Циго“, на најуспешните алпинисти – членови на МАФ.
За утре пак на 22-ри (Сабота), Фестивалот на планински филм ЕХО, со почеток во 20 часот ќе одржи проекција на селекција од својата овогодинешна филмска програма – околу 3-часовна програма.
Во текот на денот пак (Сабота и Недела), ако условите тоа го дозволуваат, нашите алпинисти ќе прават искачувања на кулоарите на Галичица – насловната фотографија е од искачувањата правени во текот на претходната сезона.