Утрово скопјани повторно се разбудија во висока концентрација на ПМ10 честички, магла и воздух кој има тешка неподнослива миризба.
„Воздухов мириса на расипана кисела зелка. Можеби сакаат да не отрујат за да можат мирно да си крадат од државната каса. Ова веќе не се трпи“, коментираат граѓаните.
Утрово концентрацијата на канцерогените ПМ10 честички е највисока во Карпош и изнесува 197 mg/m3. Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа.