По објавата на активистката Ирена Цветковиќ, која пиша дека шарените револуционери се уморни и разочарани, но и дека ги оставаат улиците, тротоарите и плоштадите, со реакција се јави новинарот Цветин Чилиманов.
„Не сте вие уморни. Ако пак ви дадат грантови од Америка или од кај Сорос, пак ќе се дерњате по улици, пак ќе палите канцеларии, пак ќе мавате полицајци. 2001 ја растуривте државата, успеавме некако да ја дигнеме пак на нозе. 2015 истото. Епа сега ние сме уморни од тоа да ја вадиме земјата од го*на, да молиме странци да отвараат фабрики, да влечкаме разгаштени доктори од протести за мочан паркинг и да ги носиме да се специјализираат во странство да не ги колат пациентите, да учиме наставнички што е компјутер, да одржуваме безбедност во земјата, да идеме на нож со пола свет за да најдеме од негде извор на ефтин гас да не дишете отрови, да ве браниме од комшии, да растураме комуњарски монополи во банкарство, телекомуникаци и кај се не, а вие да се дерете по нас „убијциии, фашистии, крадциии“. Идете у три лепе сите, сркајте си сега што ви надробија, Бејли нека ве брани, ЕУ нека ве храни“, напиша Чилиманов на Фејсбук.