Ако Игор Југ не добие амнестија доброволно се јавувам да го бранам про боно, вели адвокатот Александар Тортевски.
Тој е еден од најгласните критичари на новиот Закон за амнестија, кој стапи на сила вчера.
„Игор Југ има повеќе право да добие амнестија од пратениците. Тој не ја извршил задачата што организаторите му ја доделиле. Пратениците ги отвориле вратите со што во целост ја исполниле задачата добиена од организаторот на државниот удар“, стои во еден од твитовите.
Ако Игор Југ не добие амнестија доброволно се јавувам да го бранам ПРО БОНО.
1. Доброволно се откажал од обидот ( ако имал задача).
2. Не носел качулка.
3. Не употребил сила кон никого.
4. По негова заслуга државниот удар не успеал.
ЌЕ ЛЕЖИ САМО ЗА ТОА ШТО НЕ Е ПРАТЕНИК.— Aleksandar Tortevski (@atortevski) December 21, 2018
Претходно тој напиша дека Игор Југ има повеќе право да добие амнестија од пратениците.
„Тој не ја извршил задачата што организаторите му ја доделиле. Пратениците ги отвориле вратите со што во целост ја исполниле задачата добиена од организаторот на државниот удар“, смета Тортевски.
