Обвинителката Вилма Рускоска во вчерашното интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат смета дека законот од затвор ќе ги спаси пратениците Љубен Арнаудов, Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, како и двајцата обвинети од Кабинетот на тогашниот претседател на Собранието. Сепак, обвинителката лично смета дека организаторите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Богдан Илиевски – Бетмен, Игор Дурловски и Владо Јовановски не ги исполнуваат условите за да бараат амнестија.
На прашањето што е со организаторите на протестите, Рускоска вели дека за сите останати ќе се одлучи во Јавното обвинителство на Македонија, одговара Рускоска, и лично смета дека тие треба да останат обвинети.