Скопје

Дух во истрагата- ниту Ваљон Беља знае кој пукал во него, ниту соучесниците го познавале

Економскиот директор на Гинекологија Ваљон Беља ги познал тројцата напаѓачи кои со тупаници го претепале на паркингот во Чаир и ги посочил на полицијата, дознава Телма од извори блиски до истрагата. Но не го знаел пиштолџијата кој го застрелал во нога. Не само Беља туку и другите тројца приведени кои биле со него вечерта тврделе дека не го познаваат четвртиот напаѓач, велат изворите на Телма. Тој засега е како дух. Се води како непознато лице кое треба да го открие истрагата, објави Телевизија Телма.

Беља е се уште во градската хируршка болница Св Наум Огридски во стабилна состојба и надвор од животна опасност. Откако ќе излезе, напаѓачите не смеат да му се доближуваат. Тоа е една од мерките што им ги определи судот на предлог на обвинителството доцна нокеска. Останатите мерки се забрана да го напуштаат градот, редовно да се јавувауваат во суд и одземен пасош. Тројцата се осомничени дека на извршиле грубо насилство и тешко го повредлие Беља а со тоа во јавноста предизвикале чувство на несигурност и страв. За кривчното дело насилство за кое се осомничени предвидена е затворска казна од 3 до 10 години.

Осомничените му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. Непознато машко лице, кое било заедно со нив, извадило огнено оружје и со него испукало два куршуми. Притоа го погодил оштетениот во десната потколеница и му нанел тешка телесна повреда, велат од ОЈО Сјопје.

Мотивот за сега официјално не се соопштува. Медиумите пишуваа дека економскиот директор на Гинекологија имал несогласувања со градоначалникот на Чаир Висар Ганиу затоа што му била стопирана општинската плата. Од општината негираа вмешаност на градоначалникот. Изјавата на министерот Спасовски дека Ганиу добивал закани од Беља, за што имало и пријава во МВР, укажува дека постоело некакво несогласување мегу двајцата функционери на ДУИ.

Од партијата пак тврдат дека инцидентот не е поврзан со ДУИ.

Добро информирани партиски членови коментираат дека тупаниците и пукањето во колено било предупредување за Беља дека следниот пат нема да преживее. Овие пресметки упатните ги коментираат и како покажување на моќ но и позиционирање во време кога се прават смени во партиските и државните функции.

Се очекува дилемите да се расчистат во истрагата особено по исказите што пред обивнител треба да ги дадат и оштетениот Беља и тројцата осомничени.

Беља и е познат на јавноста по повеќе инциденти кои директно или индиректно се поврзуваат со него. Токму затоа неговото именување за економски директор на Гинекологија предизвика реакции во Јавноста.

извор: Телма

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток