Денеска во Скопје се одржа дедомразовска трка. Во центарот на главниот град, огромен број мали и големи учесници облечени во костими на Дедо Мраз ја истрчаа патеката долга два километра, која покрај забавен имаше и натпреварувачки карактер.
За најбрзите – Никола Таневски во машка и Рената Соколовска во женска категорија беа предвидени награди, а најмалите учесници во трката ги добија заслужените пакетчиња.
Дедомразовската трка се одржува по јубилеен 5-ти пат, со што Скопје се придружува кон светските метрополи кои одржуваат ваков настан