Ангелка Пеева Лауренчиќ, е предлогот на ЛДП за претседателски кандидат, доколку партијата донеси одлука на претседателските избори да настапат самостојно.
Ангелка Пеева Лауренчиќ се повлече од политичките води по пратеничкиот мандат од ЛДП од 2002 до 2006. Во политиката влезе со либералите на Стојан Андов, а пред да се соединат либералите и демократите, таа беше претседател на Либерална Унија на Млади .
Пеева-Лауренчиќ веќе 15 години е на чело на една од најголемите агенции за односи со јавноста во Република Македонија, „Имиџ ПР“.
Родена е во Штип и е мајка на две деца. Нејзиниот покоен сопруг, Иво Лауренчиќ, претставуваше пионер во маркетинг бизнисот во поранешна СФРЈ, а потоа и во Македонија каде што ја основаше агенцијата „Идеа плус”. Во оваа маркетинг агенција активно работела и потенцијалната кандидатка за претседател на државата.