Свет

Грешка или не – Албанија го објави списокот на тајни агенти во Македонија, Грција, Србија и Италија!

Фердинанд Нуку, Кујтим Прифити, Роберт Туци, Нестор Бабамето, Невзат Шеху, Астрит Кинани, Тонин Пренди, Бардок Гега, Хазби Брахја, ова се имињата на тајни агенти во Македонија, Грција, Србија и Италија, од Албанија. Спиокот по грешка се појави на интернет и тоа не само имињата туку и тајните податоци за нив. Во податоците кои протекоа на интернет има детални податоци за нив , не само нивните имиња, туку и марка на автомобил, регистрации, броеви на лични карти и пасоши, оперативен ранг, детали за нивните патувања, па дури и нивните секојдневни навики.

Остра реакција на овој пропуст имало во НАТО, чија што членка е Албанија, бидејќи, како што објави „Индепендент“, „кој успеал да влезе во албанскиот систем, влегол и во системот на НАТО“.

Овие детали беа објавени на сајтот на албанското министерство за финансии во рамки на извештајот за финансиската ситуација на разузнавачката агенција ШИШ. Сега цел свет има пристап во информациите за албанските агенти, колкави им се платите, па дури и кои водоинсталатери, мајстори и автомеханичари ги користат.
ШИШ е албанска разузнавачка агенција која оперира во земјата и во странство и одговара директно на премиерот Еди Рама. Има пет организациони структури: оперативна, надоворешно-разузнавачка, контраразузнавачка, служба за борба против организиран криминал и антитерористичка единица.

Благодарение на овој пропуст, сега се знае дека Албанија има двајца агенти на чувствителни позиции во седиштето на НАТО во Брисел. Останати агенти на високи дипломатски позиции Албанија има и во Белгија, Грција, во Србија, Косово, Италија и Македонија.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток