Трајковска: Дневно бришат по 1 500 заразени за да го намалат бројот на активни случаи

Од
Објавено на

Новинарката Соња Трајковска на социјалните мрежи објави дека дневно се бришат по 1500 заразени со ковид.
„Дневно бришат по 1 500 заразени за да го намалат бројот на активни случаи. Почнаа да тестраат помалку, за бројката на дневно заразени да падне под 1 000. Ама математиката е многу зезната ако не ја разбраш. Може не знаеме интеграли да решаваме, ама проценти од Месечината можеме да извадиме. Денеска со 2 808 теста има 905 позитивни, што е 32,2 отсто позитивни од тестирани. Вчера и завчера со повеќе теста овој проценти беше под 30. Колку да знаете дека на дрво не сме растени“, вели Трајковска.
