Претседателот на Владата, Зоран Заев, во емисијата Отворено на ТВ24, експлицитно изјави дека се сомнева во вмешаноста на опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски, во бегството на Груевски во Будимпешта.
„Политичка умисла намера или слабост, Аме имале можности да се договараме со Груевски. Внатрешната истрага и истрагата на обвинителството ќе покаже дали има вина за бегството. Ние знаеме кои ни се службите во Македонија. Ако ги гледаме закониите што требало МВР да направи, тоа и се постапило. Груевски беше во судовите и во Парламентот, никој не му се закануваше, имаше државно обезбедување. За детали не можам да зборувам. Капацитетот за МВР да постапат така, а да не ги нарушат човековите права се тие. Истрагата ќе објасни како побегнал.“ изјави Заев во вечерашното издание на емисијата Отворено.
Тој своето сомневање го темели на нејаснотиите и тајноста на средбите на Мицкоски со премиерот на Унгарија , Виктор Орбан, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, непосредно пред бегството на Никола Груевски. Како што е познато Груевски преку Албанија, Црна Гора, Србија избега во Унгарија, вели тој.
Заев вели дека Мицкоски бил на средби кај едниот, па кај другиот, а притоа не објавил за што разговарал со нив.
Но, потоа на прашање дали Мицкоски ќе биде дел од истрагата за бегството на Груевски, Заев одговори дека не верува и дека тој зборува за политичка одговорност затоа што покрај сомнежите за неговата улога во целата оваа ситуација, сега опозицискиот лидер се обидува и да профитира политички на таа тема.
Заев смета дека министерот Оливер Спасовски нема никаква одговорност за бегството на поранешниот премиер и рече дека на два пати одбил да ги прифати неговите оставки.