Скопје

МТСП: Отворен е нов Дневен центар за стари лица во Чашка

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска присуствуваше на отворањето на Дневниот центар за стари и возрасни лица во село Извор, Чашка.

„Со отворање на вакви дневни центри работиме на јакнење на социјалните услуги и за постарите лица. Ова се луѓе кои се грижеле за нас и го граделе нашето општество. Сега е наш ред да се грижиме за нив и да им овозможиме достоинствен и исполнет живот. Токму тоа го правиме со отворање на дневните центри, коишто нудат еден заеднички простор за дружба и рекреација за повозрасните лица“, изјави Царовска.

МТСП го отвори Дневниот центар за стари и возрасни лица во соработка со Општина Чашка. За таа цел општината отстапи на користење сопствени простории, а Министерството целосно го реконструираше просторот и набави комплетна опрема со вкупна инвестиција од 900 илјади денари. Во Дневниот центар ќе биде обезбеден и топол оброк за социјално загрозените лица од Народна кујна Велес.

Дневниот центар е наменет за унапредување на квалитетот на живот и развивање на меѓусебната социјализација на повозрасните граѓани. МТСП продолжува да работи во насока на обезбедување подобри услови за повозрасните, како и помош на ранливите категории.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток