Скопје

Епидемиолозите стравуваат од голема епидемија, дури 15.000 деца во Скопје не биле вакцинирани против мали сипаници

Дури 15.000 деца во Скопје на возраст до 14 години не се вакцинирани против мали сипаници и други заразни заболувања.

По прогласувњето на епидемија од морбили во скопско Радишани, малку деца биле однесени на вакцинација по апелот од здравствените власти. Вчера е пријавен уште еден заразен со морбили – братче на веќе заболено дете од Радишани.

Епидемијата на морбили во скопско Радишани ги натера дел од родителите да ги вакцинираат своите деца. Само на територија на Скопје изминативе четири дена над 220 деца биле донесени во вакциналните пунктови да примат вакцина.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток