Скопје

Џафери: Смешно е и јас би се смеел да сум на ваше место, оти некои во салава ништо не разбираат – разрешени двајца министри

Да, смешно е и јас би се смеел да сум на твое место, оти некои во салава ништо не разбираат, рече претседателот на собранието Талат Џафери на смеењето на пратениците на опозицијата, откако тој два пати побара службите да ги пребројат присутните пратеници за Собранието да може да гласа за разрешување на министрите без ресор Аднан Ќахил и Аксел Ахмедовски.

Собранието на Република Македонија на денешната 77-седница на предлогот на Владата ги разреши Аксел Ахмедовски од функцијата министер без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија и Аднан Ќахил од функцијата министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата.

Премиерот Зоран Заев, во образложение на предлогот рече дека разрешувањето е исклучиво од политички причини и по одлука на двата коалициони партнери во Владата.

– Јас сум задоволен од работата на министрите и верувам дека и во иднина ќе изнајдеме начин како да продолжи таа соработка. Се надевам дека Парламентот ќе даде поддршка на предлогот за разрешување, а во втората точка доколку тоа се случи ќе дадам предлогот за новите кандидати за овие две места, рече Заев.

Пратеникот Илија Димовски, рече дека образложението не е добро и потребно е разрешувањето да биде врз основа на анализа за нивната работа.

– Ве повикувам да го исполните даденото ветување за намалување на бројот на министри. Многу министри имате без ресор, за дел од нив јавноста воопшто и не знае какви активности има, рече Димовски.
Пратеникот Самка Ибраимовски ги повика пратениците од опозицијата да го почитуваат и поддржат предлогот и одлуката на неговата партија за разрешување на Аксел Ахмедовски.

– Не сме задоволни од неговото работење поради тоа што сметаме дека она што било планирно во делот на имплементација на стратегијата за ромите не е постигнат резултат за десет месеци, што проекти кои беа опфатени и реализирани во времето кога бев министер он само требаше да врши мониторинг и не успеа да врши мониторинг, рече Ибраимовски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток