Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 72 седница на која пратениците ќе поставуваат прашања.
77 мата седница беше прекината вчера, а нејзиното продолжение е закажано за в петок.
Инаку Собранието вчера по скратена постапка ги донесе Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, Законот за пензиско и инвалидско осигурување и Законот за лековите и медицинските средства.